Се огласи лекарот на малата Аја, откри во каква состојба е новороденчето по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Бебето родено под урнатините на семеен дом во северна Сирија по минатонеделниот разорен земјотрес е во добра состојба, соопшти денеска нејзиниот лекар.

Новороденчето, кое работниците во болницата го нарекоа Аја, што значи „знак од Бога“ на арапски, можеби ќе може да ја напушти болницата уште во вторник или среда, објави АП.

Се наведува дека грижата за Аја ќе ја преземе нејзината тетка од страна на татко ѝ, која неодамна се породила и го преживеала земјотресот.

Слични содржини