Се огласи таткото на еден од осомничените за убиството на Данка: Не обрнуваше внимание на тоа

од Симе Стоиков

Таткото на еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) од Бор, останал во шок откако неговиот син бил уапсен на работното место.

Уапсените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ со автомобил ја удриле девојката, а потоа телото на убиената Данка Илиќ го однеле на депонија каде го фрлиле.

Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило на ЈКП Водовод во моментот кога на Бањска пут наводно налетал на двегодишно девојче, додека со него бил Драгијевиќ.

Информер успеаја да стапат во контакт со Радослав Драгијевиќ од село Злот, кој се претстави како татко на осомничениот.

На прашањето дали е вистина дека неговиот син Дејан е приведен поради сомнение дека учествувал во убиството на девојчето Данка Илиќ, тој одговори дека знае само дека син му е уапсен.

-Дејан е уапсен на своето работно место и тоа е се што знам за тоа. Само што тргнав кон полиција да добијам повеќе информации – вели Радослав.

Според него, неговиот син Дејан не се однесувал чудно последните денови, ниту пак зборувал за исчезнувањето на Данка.

– Цел град зборува за таа девојка, но тој не обрнуваше многу внимание на тоа. Се однесуваше нормално, не забележав ништо необично на неговото лице – нагласи тој.

Тој додаде дека не сака да зборува за убиството на Данка Илиќ и дека допрва ќе дознае каква улога имал неговиот син во тоа.

Слични содржини