Се огласија експертите на СЗО и открија кога ќе се знае што ја започнало пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од водачите на неодамнешната мисија на Светската здравствена организација (СЗО), која престојуваше во Кина за да го испита потеклото на коронавирусот, Питер Дашак, очекува дека во следните неколку години ќе биде откриено што ја започнало пандемијата.

Дашак истакна дека собраните научни истражувања може да доведат до откривање на начинот на кој животните кои биле носители на ковид 19 ги ​​заразиле првите луѓе во Вухан.

– Имало пренос од Вухан од провинциите на југот на Кина, каде што беше откриен најблискиот сродник на вирусот кај лилјаците – нагласи Дашак.

Според него, трговијата со диви животни е најверојатното објаснување за доаѓањето на ковид 19 во Вухан, каде беа откриени првите случаи меѓу луѓето во декември 2019 година.

Тој истакна дека оваа хипотеза е најсилно поддржана од СЗО и кинеската страна.

Дашак и другите автори ќе објават извештај, најрано следната недела, за првичните заклучоци од нивната мисија во Вухан.

Експертите заклучија дека постои многу мала веројатност дека пандемијата е резултат на несреќа во лабораторијата.

Слични содржини