Се огласија иранските власти по двете експлозии: „Извршен брутален терористички напад“

од Stefanija Kuzmanovska

Локалните власти на иранскиот град Керман соопштија дека за време на одбележувањето на годишнината од смртта на генералот Касем Сулејмани бил извршен терористички напад.

Според неофицијални информации на иранските медиуми, се стравува дека бројот на жртвите е поголем од 50.

Како што соопшти градоначалникот на Керман, две експлозии се случиле во интервал од 10 минути една од друга.

Двете бомби кои предизвикаа експлозија во близина на гробиштата, каде што се одржуваа жалосни поворки на годишнината од смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, беа ставени во вреќи и детонирани од далечина, јавува иранската државна агенција Тасним.

„Имаше две вреќи со бомби на влезот во зградата на мавзолејот Голзар на гробиштата Керман, кои извршителите на овој инцидент очигледно ги активирале со помош на далечински уред“, се вели во извештајот.

Претходно иранската агенција ИРНА извести за експлозија во близина на гробишта во Керман, а неколку минути подоцна агенцијата извести за нова експлозија на патот кон гробиштата Голзар. Според иранските медиуми, во експлозијата биле повредени најмалку 15 лица, а најмалку 50 лица загинале.

Слични содржини