Се огласија од Бакингемската палата: Принцот е шокиран од тврдењата дека Епстајн е педофил

од desk2
109 прегледи

Британскиот принц Ендру изјавил дека бил запрепастен од обвиненијата за сексуално злоставување на малолетни лица против неговиот поранешен пријател Џефри Епстајн, пренесува „БиБиСи“.

Откако британските медиуми објавија фотографии на кои може да се види принцот Ендру во резиденцијата на Џефри Епстајн на Менхетен во 2000-та година, од Бакингемската палата веднаш пристигна реакција.

66-годишниот контроверзен милијардер Епстајн си го одзеде животот во затвор додека го чекаше почетокот на судењето за трговија со сексуално робје и сексуални односи со малолетни лица. Епстајн се дружел со принцот Ендру, актуелниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Од Бакингемската палата, откако се појавија контроверзните фотографии на кои се гледа принцот Ендру во резиденцијата на озлогласениот педофил порачаа: „Војводата од Јорк е запрепастен од неодамнешните извештаи за наводните злосторства на Епстајн. Неговото височевство ја осудува експлоатацијата на луѓе, а тврдењата дека тој би дозволил, учествувал или охрабрувал такво однесување е гнасна“.

Ендру и во 2010-та година бил фотографиран во друштво на Епстајн во њујоршки „Централ парк“, а неколку жени дури и го обвинија дека сексуално ги злоставувал.

Јоана Сјоберг тврди дека принцот ѝ ги допирал градите додека биле во станот на Епстајн во 2001-ва година, додека Вирџинија Робертс тврди дека три пати била натерана да има сексуален однос со принцот во Лондон, Њујорк и на приватниот карипски остров на Џефри Епстајн.

Сето тоа се случило во периодот од 1999-та до 2002-ра година кога жртвите на принцот Ендру биле малолетни. Тие обвинувања биле наведени и во случајот на клевета од 2015-та година, а од Бакингемската палата ги нарекоа „лажни“.

Слични содржини