СЕ ПЛАШАТ ОД ВИРУСОТ: Козби, Р. Кели и други славни затвореници бараат помилување

од Elena Daskalova

Познати личности кои отслужуваат затворски казни, бараат помилувања и порано пуштање дома поради ситуацијата со коронавирусот.

Меѓу нив се и осудениот адвокат Мајкл Авенати, Бил Козби, музичарот Р. Кели, финансиерот Берни Медоф и уште неколку познати личности кои сметаат дека би требало да бидат дома во време на пандемијата.

Барањето за помилување дојде откако во неколку затвори во Лос Анџелес беа потврдени позитивни случаи на ковид-19. Поголемиот дел од барателите на помилување се во притвор чекајќи конечна пресуда, но поради ширењето на вирусот, дел од рочиштата се одложени без познат датум на следно одржување.

Помилување побарал и Мајкл Коен, поранешен советник на Трамп, кој отслужува казна за финансиски измами во текот на кампањата, но судот одлучи да не му дозволи, бидејќи сметаат дека тоа е испланирано за веднаш да може да се вклучи во следната претседателска кампања.

Адвокатот на раперот Tekashi69 побарал ослободување затоа што тој има астма и спаѓа во ризична група. „Ако се зарази, тешко ќе го преживее тоа“, тврди адвокатот.

Слични содржини