Се подготвува документацијата за да пристигнат вакцините од Србија во Македонија

од Берта Китинска
159 прегледи

Се подготвува документацијата за да пристигнат фајзеровите вакцини од Србија во Македонија, изјави премиерот Зоран Заев.

Иако најавени, примопредовањето беше одложено бидејќи Србија сѐ уште нема добиено одобрение од Фајзер за пренамена на вакцините за македонски пазар.

-Прво се работи за подготовка на техничката документација од Фајзер кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат овие, прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини тука. Раководството за Србија, претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ сакаат час поскоро тоа да го направат. Затоа вака излегоа во најава. Се трудат. Првиот дел беше договорот во кој се забраува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да го донираат ова. Само да почне целиот процес и да помогнат на пријателска Северна Македонија, рече Заев.