Се поголем број млади луѓе ја губат битката со Ковид-19

од Берта Китинска
325 прегледи

Вирусот секојдневно се повеќе одзема млади човечки живот.Вчера во земјава ја имамве втората најголема бројка на починати досега.Меѓу починатите лица најмладиот беше на 22 годишна возраст од Струга.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата започнува утре. Околу 20 илјади граѓани кои имаат над 75 години ќе се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека.

„Дваесет илјади граѓани кои се пријавија и се на возраст од над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден ќе добијат термини преку матичните лекари, зависно од местото на живеење, во кој пункт, и во кое точно време, од среда натаму да се јават на вакцинација. Разговараме со повеќе заинтересирани институции, постепено се генерираат и други списоци, за да понатаму, во текот на месцот бидеме спремни да и други категории граѓани се вклучат во процесот“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во тек се подготовките за масовно вакцинирање во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе има 30 позиции, најави Филипче.

„Ќе има триесетина позиции на кои вработени лекари и сестри од здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата, а очекуваме да стигнат и дополнителните вакцини од Кина. Според најавите од кинеската амбасада се работи интензивно во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт“, додаде Филипче

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000“, стои во соопштението на МЗ.