Се појави град што исчезнал пред 57 години

од desk2
103 прегледи

Остатоци од изгубениот шпански град Мансила де ла Сиера излегоа на површината од вода после речиси шест децении.

Големата суша предизвика и појавување на урнатини на шпански град напуштен со децении, кој само се „издигнал“ од водата, пренесуваат тамошните медиуми.

Градот се наоѓа во долината Ла Риоха во северна Шпанија, а неговите жители се преселиле во 1959 година во околно гратче за да се направи место за изградба на резервоар за наводнување на тамошно село.

Резервоарот бил тогаш исполнет со вода, која ги покрила и остатоците од градот.

Сепак, после исклучително сувото и жешко лето оваа година, планинското гратче уште еднаш се појави, откривајќи неверојатна глетка на локалните жители и туристите.

Посетителите на тој начин имале прилика да влезат во куќи напуштени пред повеќе од пет децении, а постарите жители биле погодени со чувство на носталгија додека ги посетувале своите некогашни домови.