Се појави ВИДЕО од падот на украинскиот воен авион

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи се појави видео од падот на авионот АН-26 во Украина, во кој имало 28 лица. Несреќата се случи вчера.

Пилотот кој летал со авионот бил искусен пилот од 2-ра класа со 700 часа летови. Започната е истрага за падот на авионот, а се разгледуваат неколку причини за несреќата – грешка на екипажот, техничка неисправност, проблеми со одржувањето на авионите и неправилното извршување на должностите од одговорните за контрола на летот, пренесува „Дејли мејл“.

Потврдена е смртта на најмалку 22 лица, додека две се тешко повредени, а потрагата по уште три лица продолжува.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во авионот се наоѓале пилоти на воздухопловните сили и кадети.

Слични содржини