Ријана заблеска во розов костим со потписот на Адам Селман, а пред тоа носеше капут со потписот на Александер Ваутхиер, на престижните доделувања на Греми наградите.

Со поп ѕвездата на сцената излезе и Ди-џеј Калед, како и Брајсон Тилер, кои заедно ја изведоа песната “Wild Thoughts”, вториот најголем хит на светот за минатото лето.
Ријана носи рачно изработен костим со потписот на креаторот Адам Селман.
Како што пишуваат светските медиуми, настапот во живо бил толку полн со енергија, што оние кои присуствувале на доделувањата на Греми наградите неколку пати помисиле дека Ријана ќе падне од сцената.