Се појавија првите снимки од руската воена база на Арктикот (ВИДЕО)

од desk2
190 прегледи

Руската воена база ,,Северна детелина” на островот Котелни е една од најновите бази и е сместена во пуст предел на Арктикот со екстремно ниски температури.

Комплексот во облик на детелина , обоен е во боите на руското знаме и во него може да се сместат 250 војници, кои имаат доволно резерви за да може да функционираат една година без допир ос надворешниот свет.

Базата се наоѓа над 75. паралела и дел е од проектот на Путин за преземање на доминацијата на крајниот север .

https://www.youtube.com/watch?v=9oOj1cxKdiY

Северната флота се смести во базата во 2016 , каде има и православна црква, а температурата достигнува и -50 степени. Базата веќе е опремена со ракетни системи од краток и среден дострел .