Се појавија разговори поврзани со „Рекет“: Ќе дојде Мицкоски, треба ли крв до колена?

од Aleksandar Todeski
708 прегледи

Снимки по десетина секунди се појавија на Јутјуб во кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот оштетен во случајот „Рекет“. На снимките се слуша како тој бара контакт со Вице Заев брат на премиерот Зоран Заев и вели дека ако не се заврши работата, „ќе крварат сите“.

„Имаш ли влијание кај нив, утре да се видиме, да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. Крв ќе има“, вели гласот кој наликува на оној на бизнисменот.

Гласот продолжува и во другото аудио, каде вели „Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив“.

Тој вели дека ќе „бомбардирал“ од Бугарија, по што ќе дошол Мицкоски и потоа ќе имало „крв до колена“.

„Јас ќе отидам во Бугарија и што тогаш, ќе пуштам како Ким Јонг, па тепајте се во Македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде Мицкоски, и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа Љубчо и Бранко, седнаа се договорија“, вели човекот.

Во аудио разговорите објавени пред 10 часа, гласот кој наликува на оној на бизнисменот вели дека имал нешто за да ги руши Заеви.

„Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „Рекет“.

„Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде“.

 

Слични содржини