Се помалку насилство: Илјадници лица низ улиците на САД, демонстрантите играле и пееле, граѓаните носеле храна (видео)

од Nikola Popovski
146 прегледи

Десетици илјади луѓе се собрале повторно синоќа на улиците низ САД за да протестираат, главно мирно, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по полициското апсење во Минеаполис.

Многумина излегле на улиците и покрај полицискиот час на сила во неколку градови, кој беше воведен откако во понеделникот се случиле голем број насилства и грабежи во некои области, пренесува Би-Би-Си.

Во Вашингтон илјадници демонстранти протестирале, извикувајќи: „Чии улици се?“ и „Без правда нема мир“.

Граѓаните им донеле вода и ужина на демонстрантите за време на протестната прошетка, меѓу кои имало и деца.

Неименуван службеник за безбедност изјавил дека повеќе од 2.200 припадници на Националната гарда биле распоредени на улиците на Вашингтон.

https://twitter.com/sillysally710/status/1268427100924641280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1268427100924641280&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2F9rMOLV5HO%2F

Во Њујорк граѓаните се собраа во паркот Вашингтон, од каде започнал протестен прошетка низ централните градски улици.

Во Бостон, протестната поворка поминала покрај седиштето на локалната власт на државата Масачусетс.

Во Оукланд демонстрантите пееле и танцувале по улиците.

Инцидентот се случил во Њу Орлеанс, каде полицијата ги растерала демонстрантите со солзавец.

43 лица биле уапсени во Атланта. Шестмина полицајци од тој град се обвинети за прекумерна употреба на сила, откако, овој викенд, тие биле снимени како кршат стакло на автомобил, извлекувајќи двајца студенти од него.

Во Лос Анџелес, за време на мирниот протест на булеварот „Сансет“, демонстрантите добиле информации за промена на обвинението против Дерек Човин, првиот обвинет за смртта на Џорџ Флојд, но и дека тројца негови поранешни колеги ќе бидат гонети.

Генералниот обвинител на Минесота, Кит Елисон го променил обвинението против отпуштениот полицаец од Минеаполис во убиство од втор степен, а исто така поднел обвинение против останатите тројца отпуштени полицајци, кои учествувале во апсењето.