Се поради Бред Пит: Анџелина Џоли ќе го тужи ФБИ?

од Stefanija Kuzmanovska

Односот на поранешната двојка е потурбулентен од кога било, а во нов голем пресврт, откриено е дека Анџелина Џоли е всушност неименуваната тужителка зад тужбата на ФБИ против Бред Пит.

Анџелина Џоли наводно би можела да го тужи ФБИ, бидејќи неговите агенти одбиле да ја завршат истрагата против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит во врска со инцидентот во приватен авион во 2016 година со нивниот тогаш петнаесетгодишен син.

Во новата тужба, поднесена од анонимна личност, се тврди дека ФБИ ѝ го одбила пристапот до записите поврзани со наводите на истрагата дека „тогашниот сопруг на жената … физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувале со приватен авион пред неколку години.

Тој беше ослободен, а сега се шпекулира дека токму Анџелина Џоли се крие зад непознатата личност, иако извор за странските медиуми изјави дека Џоли при разводот ја добила целата потребна документација.

Според извештаите, личноста доставила бројни барања за копија од извештајот за спорниот инцидент и тврди дека ФБИ ја затворила истрагата против нејзиниот сопруг без претходно да ја извести.

Се наведува и дека таа користи псевдоним за да го заштити своето семејство, а се чини дека се уште нема поднесено официјална тужба.

Бред Пит и Анџелина Џоли не ги намалуваат конфликтите по разводот, а славниот актер неодамна поднесе тужба против поранешната сопруга. Тој ја обвинува дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот заеднички француски имот, замокот Миравал.

Слични содржини