Се повеќе се зборува за овој симптом на Ковид-19: „Температурата се јавува подоцна“

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Бидејќи многу заразни луѓе немаат никакви симптоми, проверката на температурата како начин да се идентификува заболен од Ковид-19 изгледа како фаќање тениски топки во фудбалска мрежа: премногу од нив можат да поминат.

Се поголем број науки предлагаат поинакво решение: да се направат тестови за мирис како втор дел од рутинските прегледи, пишува „Стат“.

Од сите симптоми на коронавирус, губењето на мирис – познато и како аносмија – може да делува особено како додаток на проверката на температурата и со тоа значително да го зголеми процентот на заразени лица кои се идентификуваат со скрининг на аеродромите, работните места и на други јавни места.

„Мојот впечаток е дека аносмијата е поран симптом на КОВИД-19 од температурата, а кај некои заразени лица може да има аносмија и ништо повеќе“, рече докторот Ендру Бедли.

Во неодамнешна студија, Бедли и неговите колеги откриле дека пациентите со КОВИД-19 имаат 27 пати поголема веројатност да го загубат мирисот, само 2,6 пати поголема веројатност да имаат треска, што покажува дека аносмијата дава појасен сигнал дека некој е заразен со коронавирус.

Слична студија спроведена на 1.480 пациенти, од оториноларингологот Керол Јанг од Сан Диего, покажала дека шансите за пациент да осети аносмија се 10 пати поголеми кај КОВИД-19 отколку кај која било друга инфекција.

„И сезонскиот грип и настинките, како и другите вируси, можат да предизвикаат воспаление на носот, но ова е ретко во текот на летото, па шансите аносмијата да укажува на вирус се уште поголеми“, рече д-р Карол Јан, додавајќи дека аносмијата е многу специфична за случаи на инфекции со коронавирус.

Бидејќи многу луѓе не се свесни за аносмија, тестирањето би било дури и подобро од поставување прашања.

Скрининг-тестот во контекст на КОВИД-19 би можел да биде многу поедноставен, велат експертите, особено затоа што идејата е да се утврди дали поединците можат да мирисаат или не, наместо тоа дали можат да разликуваат различни мириси.

Слични содржини