Помошник-државниот секретар на САД за прашањата на Европа и Евроазија Викторија Нуланд поднесе оставка. Според американските медиуми Нуланд не била во списокот на новиот претседател на САД за отстранување, но таа сепак решила да ја напушти функцијата., соопшти “Интернешнл бизнис тајмс”.

Според изданието уште двајца “политички преживеани” се одлучиле да се повлечат. Станува збор за заменик-директорот на националното разузнавање Стефани О’Саливан и заменик-државниот секретар Катерина Новели. Двете службенички на Стејт департментот им кажале на своите колеги дека ќе се повлечат.
За О’Саливан одат и гласини дека таа има намера да остане во разузнавањето до своето пензионирање.
Викторија Нуланд пак беше помошник-државен секретар на САД во времето на тројца претседатели – Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама. За последен пат во БМАакеоднија беше минатата година во екот на македонската политичка криза. Тпгаш таа се сретна со лидерите и главните актери на политичката криза, и во кратки сосотаноци им ги објасни сите аргументи на демократијата и тоа што поддржува и против што е САД.
Нуланд освен што е директен посредник во решавањето на политичката криза во соседна Република Македонија, е и сериозен регионален играч, на релации Грција, Бугарија, Косово Србија, Албанија и Би Х.
Во Бугарија таа беше во почетокот на минатата година. Тогаш таа има средби со претседателот Росен Плевнелиев и со претставници на Кабинетот, со кои разговараа за “енергетската безбедност и диверзификација, модернизација на одбраната, како и напорите за реформи на владата”.
Пред две години таа го придружуваше државниот секретар Џон Кери за време на неговата посета на Софија ..
Викторија Нуланд стана предмет на остри коментари во 2014 година Тогаш вна интернет истекоа разговори меѓу амбасадорот на САД во Киев Џефри Пајт и самата Нуланд, во кој двајцата разговараат како Виталиј Кличко не треба да биде дел од новата влада во Украина. Снимката откри нејзин навредлив коментар на адреса на ЕУ во врска со украинската криза: “Еби ја ЕУ” (F * ck the EU), мувели Нуланд на соговорникот.
Нуланд досега успешно ги преживуваше смените во Белата куќа и работеше подеднакво успешно и за републиканците и за демократите. Според агенцијата Ројтерс, која прва јави за веста, Нуланд дала оставка иако била на листата на функционери од кои новиот претседател Доналд Трамп побарал да останат, ако ништо повеќе, барем додека трае транзицијата.
Нуланд е дипломат од кариера и функцијата што ја имаше досега е највисоката што може да ја достигне еден дипломат во САД, надвор од политичките именувања. Нејзината оставка го пресретна именувањето на Рекс Тилерсон за државен секретар кој конечно доби поддршка од Сенатот и стапува на функцијата.