Пекинг воведува рестриктивни мерки поради новиот бран на коронавирусот, а властите апелираа до граѓаните да не ги напуштат своите домови, пренесува „South China Morning Post“.
Весникот наведува дека сите основни и средни училишта во градот ќе бидат затворени, а учениците ќе продолжат со часови од дома. Универзитетите се затвораат, како и сите забавни и спортски објекти. Ситуацијата со вирусот во градот се карактеризираше како „сериозна“.
Властите на кинеската престолнина апелираа до граѓаните да не го напуштаaт градот, но дека во случај на итна потреба, тие мора да приложат потврда дека не се заразени, изјавил заменик-секретарот на Владата на Пекинг, Чен Беи. Тестот не смее да биде постар од седум дена.
Пред неколку дена, беше откриено ново жариште на вирусот на еден од најголемите пазари во Пекинг. Претставник на главниот град соопштил дека сите новооткриени носители на коронавирусот го посетиле Синфади, а претставниците на округот Фенгтаи изјавила дека поради претпазливост, во целост изолирале 11 населби околу пазарот.
Во вторникот, 27 лица заразени со Ковид-19 се регистрирани во Пекинг, по два месеци без ниту еден случај.. Од 11 јуни, вкупно 106 заразени пациенти се наоѓаат изолирани во неколку болници.