Се прават притисоци врз пратеници за да не се изгласа Законот за јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski
508 прегледи

Петнаесетина дена пред распуштање на Собранието, се засилуваат и притисоците овој пратенички состав да не го излгаса Законот за јавно обвинителство, дознава Локално.

Фото: Борче Поповски

Според неофицијални извори, независната осумка подлежи под силни притисоци од матичната партија да не гласаат за Законот, откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека ќе разговара со нив за да побара поддршка, а нивни претставници се појавија и на средбата која се одржа во петокот, а на која се дебатираше за Законот за ЈО.

Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пак, не ги коментираат овие информации кои излегуваат во јавноста, туку велат дека ќе почекаат да видат што ќе биде понудено на јавната расправа и понатамошната дебата, па ќе одлучат како ќе гласаат.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата во петокот, останатите претставници на пратеничките групи се согласиле дека прелдожениот текст е добар старт и дека ако им се прифатат измените, тие би гласале позивитно за Законот.

Овој Закон, но и Законот за одбрана се носат со дво-третинско мнозинство, а опозицијата вложува максимални напори тие да не се донесат доколку не се прифатат нивните барања, кои според власта се неприфатливи.

В.З.

Слични содржини