Министерството за внатрешни работи информираше дека на социјалната мрежа Фејсбук се забележани групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.
„Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци“, велат од МВР
Од таму посочуваат дека во моментов се преземаат активности во склоп на надлежностите кои ги има Министерството за да се превенираат групите.