Сите сме го доживеале: тренинг процесот оди добро, диетата не функционира и одеднаш коленото започнува да нè боли. Или пак мускулната треска е премногу силна и боли веќе на чуден начин.
Што се случува?
Најверојатно сте се претренирале и ви е време за повеќе денови одмор. Еве уште неколку од симптомите кои кажуваат јасно дека ви е време за одмор:
1. Постојано имате мускулна треска
Мускулната треска е сосема нормална, особено ако вежбате од неодамна. Но, постојаната мускулна треска не е нешто нормално. Целосниот одмор на секоја мускулна треска продолжува меѓу 24 и 48 часа. Ако и потоа болките продолжуваат, прескокнете го тренингот.
2. Чувствувате постојан замор
Честата промена во расположението, депресија и замор се исто така индикации дека сте претренирале. Вежбите треба да нè прават среќни поради лачењето на ендорфин. При лачењето на ендорфин сепак се одделува и кортизол – хормонот на стресот. Кога неговите нивоа ќе останат високи за подолго време, тоа влијае на менталното здравје.
3. Пулсот не е нормален
Еден од најсигурните начини да се убедите дека сте претренирале, е да се провери пулсот. Најдобро е тоа да се случи изутрина, кога срцето е мирно. Ако тогаш пулсот е повисок од нормалниот за вас, значи вашето тело не треба да се оптоварува во текот на денот.
4. Вкочанети сте цело време
Ако се наведнувате тешко во текот на неколку дена, тоа исто така е индикација за претренирање. Дајте си одмор.
5. Урината ви е темножолта
Повеќето луѓе се свесни дека треба да се добро хидрирани кога тренираат. Но, кога тоа нема да се случи, урината може да е обоена во чудни бои. Не грижете се, потребни се околу 45 минути да се поправи ситуацијата.