Се продава еден од најдобрите автомобили во историјата

од desk2
262 прегледи

Кога на аукција е ставен редок McLaren F1, тоа секогаш привлекува внимание. Само 106 примероци се направени, а од нив само 64 ја напуштиле фабриката. Меѓу нив посебно место добива оној со сериски број #18.

Некогаш најбрзиот автомобил во светот имал и свое специјално издание со LM спецификација на моторот и пакет за надградба на каросеријата. Надворешен знак на распознавање е фиксното задно крило. Развива брзина близу 700 коњски сили и до ден денес на патеката е незапирлив.

Токму тој примерок ќе биде понуден на аукција во Монтереј идниот месец. Се очекува голем интерес на колекционерите, со солидни понуди. Се верува дека лесно ќе достигне цена од 15 милиони евра. Автомобилот има минато 21.500 километри. На купувачот ќе му биде испорачан со писмо препорака потпишана од главниот сервисер на овој модел.

Слични содржини