Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка

од Vladimir Zorba
500 прегледи

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:

* Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
* Туристички агенции и оператори
* Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
* Супермаркети
* Продавници за храна, пиљари, пекари
* Mебел, осветлување, производи за домаќинства
* Книжарници и продавници за книги
* Спортска опрема
* Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
* Аптеки
* Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

„Бирајте ги производите со “Купувам домашно” 🇲🇰 кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност“, вели министерката.

Слични содржини