Се прославува големиот исламски празник Курбан Бајрам

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Муслиманите во Македонија и во светот во недела го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам.

2b5f5a7b-7b91-49dc-833c-11c26306c68b-bajram
Овој празник, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан Бајрам секогаш се паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според Грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот календар е месечев календар, додека Грегоријанскиот календар е сончев календар. Месечевиот календар е приближно 11 дена пократок од сончевиот календар.49b7e7d883668145a5b4c3016b6ec5ca

Во чест на празникот, едукативното здружение Парими Културор од Скопје, во соработка со Министерството за култура, со почеток во 14 часот  на плоштад Македонија во Скопје ќе организира настан на кој сите присутни ќе имаат можност да пробаат баклава и слатки својствени на овој празник . Мотото на настанот е „Нова скопска традиција – Парче баклава за честит Курбан Бајрам“.