Се шегуваат на сметка на Мурињо, го бараат во Македонија

од desk2
151 прегледи

Македонскиот третолигаш Осогово од Кочани, се пошегува на сметка на поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

На својот Твитер профил го повикаа Португалецот да го преземе кормилото на нивниот тим, алудирајќи на неговиот неуспех на „Олд Трафорд“.

Клубот му порача дека „нема што да изгуби, затоа што веќе се шампиони“.

„Жозе Мурињо, дојди кај нас! Нема што да изгубиш, секако ние сме шампиони, барем ќе научиш македонски јазик“, објави клубот на Твитер.

Клубот Осогово есенската полусезона во третата лига Исток, ја заврши на првото место.

Понудата на македонскиот третолигаш за Мурињо доаша откако тој во вторникот доби отказ во Манчестер јунајтед поради лошите резултати во Премиер Лигата.

https://twitter.com/gfkosogovo/status/1075449924890886144