Актерката Софија Вергара неодамна стави точка на петгодишниот брак со Џо Манџенело, а тоа послужи како причина за шпекулации за нејзиниот нов партнер.
Како што пренесува „The Mirror“, Софија можеби нашла утеха покрај нејзиниот поранешен партнер – познатиот актер Том Круз.
„Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе кратка љубов наместо вистинска романса“, изјави извор за британскиот магазин.
Романсата се случила во 2005 година, пред Круз да се вљуби во актерката Кејти Холмс (44) со која беше во брак шест години.
„Тие очигледно се забавуваа во Холивуд Хилс и уживаа. Тогаш Софија навистина не даваше сигнали дека сака нешто долгорочно, па се заврши сосема пријателски и тие останаа пријатели“, се наведува понатаму.
Изворот исто така додаде дека мисли дека Круз отсекогаш жалел што ја избрал Кејти наместо Софија.
Круз ја запознал Вергара преку неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографираа заедно на само еден состанок, а романсата, наводно, завршила набргу потоа.