Освен што се користи како зачин и делува како ефикасен лек, кромидот согорува маснотии и помага во детоксикација.

Истражувањата покажаа дека кромидот може да биде ефикасен при слабеење, и треба да биде неизбежен дел од исхраната. Кромидот е извор на витаминот Бе 6 и Це, влакна на манган и калциум, а со тоа игра клучна улога во контролирање на телесната тежниа.
Истражувањето е објавено во магазинот “Journal of Nutrition” а се наведува дека кромидот е поврзан со согорување на маснотии.Докажано е дека алицинот, присутен во кромидот, го стимулира согорувањето на мастите. Експертите препорачуваат декојдневно јадење кромид што е ефикасно при слабеење.
Кромидот е природен диуретик, и го зголемува производството на урина во организмот, што на крајот доведува до губиток на масти.
Освен тоа, кромидот може да помогне при согорување масти околу стомакот и појасот со зголемена потрошувачка на енергија.
Посебно корисно е конзумирањето на сировиот кромид со вода во утринските часови. Може да додадете топла вода, лимон и кромид, а пота ведаш да го испиете. Оваа комбинација резултира со намалување на телесната маса.
Познато е дека кромидот го намалува апетитот и дека човекот го прави сит, а со тоа го спречува и прејадувањето. Исто така дава енергија и согорува вишок калории, а го подобрува имунитетот и метаболизмот.
Истражувањата покажаа дека кромидот го одржува нивото на холестерот во крвта. Докажано е дека јадењето кромид директно влијае на крвните садови и на холестеролот. Кромидот го зголемува и нивото на тестостерон, а тоа резултира со посилна ерекција и дополнителна енергија.
Кромидот е одличен за детоксикација затоа што ги отстранува сите токсини и ја подобрува цревната флора, но не треба да се јаде во преголеми количини. Најдобро е да се побара совет од нутриционист.
Негативната страна е секако мирисот на кромид, но тој проблем може да се реши со тоа што ќе го проголтате, а нема да го џвакате.На тој начин ќе го избегнете лошиот здив и ждригањето.