Жената која се претставува на Инстаграм под псевдонимот Quin Empress Myah Laree, при посетата на зоолошката градина во Бронкс, се снимила како влегува во кафезот со лавови и потоа снимката ја објавила на својата страница, со текст дека од ништо не се плаши и дека го обожава сите животни.
Иако посетителите ја предупредуваат дека не смее тоа да го прави, таа им одговара дека едноставно мора да им се приближи. Во второто видео објавено од настанот таа пишува дека нејзината душа е чиста и нема од што да се плаши. Секако ова наиде на силни реакции и осуда од јавноста која е згрозена од чинот не само поради опасноста од тоа да биде растргната од лавовите пред очите на децата посетители во зоолошката, туку и поради идејата која со ваквата постапка им ја дава на младите посетители.
Одговорните од зоолошката излегоа со изјава дека го осудуваат настанот, кој не е прв , бидејќи луѓето кога се таму сакаат да ги задеваат животните и да ја покажат својата моќ, несвесни колку е тоа опасно и ги вознемирува животните, па може да доведе до непријатни последици.
https://www.instagram.com/p/B2-gSNug_gF/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again