Се спроведуваат анкети за контактите на Спасовски, кој ќе оди во изолација?

од Берта Китинска
322 прегледи

По објавата дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски  е позитивен на коронавирус,  се отвори прашањето со кого бил во контакт со оглед на тоа што минатата недела присуствуваше на Конгресот на СДСМ.

Во Министерството за внатрешни работи се прават епидемиолошки анкети за лоцирање на контактите кои ги имал министерот Оливер Спасовски.

„Во тек е епидемиолошка анкета за контактите што министерот Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за самоизолација. Напоменуваме дека сите негови контакти биле со почитување на безбедно растојание и носење маска. Во однос на прашањето за контакти во владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видеоконференциска врска“, соопштија од МВР.

Премиерот Зоран Заев порача дека немал директен контакт со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест на коронавирус.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи“, изјави Заев за „ТВ21“.

Слични содржини