Се удвои бројката на новозаразени со Ковид-19 во старскиот дом во Битола

од Nikola Popovski

За само еден ден се удвои бројката на заразени со Ковид-19 во битолскиот старски дом „Сју Рајдер“. Денeска се регистрирани нови 11 случаи или вкупно 23 од првиот случај регистриран во петокот.

„Од вчерашните 17 земени брисеви за ковид-19 во хоспис ‘Сју Рајдер’ во Битола, добиени се позитивни резултати за 11 пациенти. Со тоа бројот на позитивни пациенти во организацијата е 23 (од вкупно земени 31 брис). Во текот на денешниот ден, земени се 20 брисеви (7 од персонал и 13 од пациенти), материјалите сѐуште се обработуваат, а во текот на следниве денови, ќе се тестираат останатите пациенти и персоналот од организацијата. Според информациите од одговорните лица во хосписот, сите пациенти во моментов се со лесна клиничка слика“, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.

Според директорката на Битолската клиничка болница д-р Билјана Гагачовска, во моментов има 66 паценти хоспитализирани на Инфективното одделение.

„Денес почина 80-годишна пациентка, хоспитализирана, која за цело време беше во тешка состојба“, изјавил Гагачовска.

Слични содржини