450
Носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Како што наведоа, новите препораки ќе стапат на сила на 16 мај, пренесува „Ројтерс“.
„Од следната недела, маските за лице повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти ширум Европа за јавниот превоз“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.