Се урна мост во Москва, 13 лица повредени (видео)

од Марта Пешевска
89 прегледи

Дрвен мост во паркот Горки во Москва се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ, при што се повредени најмалку 13 лица.

Според руските медиуми, ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.

– Мостот се урна врз делот за лизгање во паркот Горки додека на него имаше се уште луѓе, соопшти дежурната медицинска служба, додавајќи дека дрвениот мост е висок пет метри.

https://youtu.be/6t4-I4tkWt8