Јован С. од Зрењанин и неговата партнерка се венчале во 12 часот, а само шест часа подоцна се тргнало наопаку.

Тој посакал да се разведе само неколку часа по венчавката, иако чекале бебе.
„Како што налага животот, беше време за свадба. Се познававме една година и за тоа време не живеевме заедно, а бевме ок. Таа беше малку кокетна, но мене ми одговараше, флертуваше со мене и со сите, но имав впечаток дека тоа ќе се смени штом се венчаме“, вели Јован. „Мислев дека и недостасува да го почувствува тој семеен мир“.
Секако огранизирале и свадба.
„Ги повикавме сите роднини, нејзините, моите. Имавме мал инцидент пред венчавката, но се помина брзо. Таа не се бунеше за свадбата, се беше договорено. И таа се согласи на се од почеток. Што сакаже не знам, Дали ме сакаше, не знам. Бебе беше на пат, а свадбата веќе почна. Во 12 часот рековме „да“, имавме прекрасна венчавка во црква. Со Божја помош, времето не послужи, се беше како што Бог налага“, вели Јован.
Меѓутоа, набрзо сфатил дека не е се како што треба.
„Додека народот се пијанеше и се веселеше, таа исчезна. Тргнав да ја барам за тортата, но ја немаше. Мислев се фотографира со некого. Но, ништо. Во тоалетот не беше. Ја прашувам кумата каде е, таа збунета, не знае, но мисли дека е тука некаде. Излегов пред ресторанот, ја нема. Назад, ја нема. Помислив да не се крие за да пуши, оти и бранев поради бременоста. А таму, во еден автомобил, бел материјал се ниша. Пријдов. Таму таа, се бакнува со еден нејзин другар. Не го знам добро, но рече дека треба да го викнеме на свадба“, објаснува Јован.
Тој не им верувал на очите, но се уверил дека венчалниот фустан е тоа. Тој го забележал прв, се скаменил, а потоа се свртела и невестата.
„Ме гледа, почна да плаче. Јас само стоев. Излезе од автомобилот, ја прашувам што прави, а таа не рече ништо.
Беше време за торта, а знаев дека треба да барам развод.
Нашата ќерка сега има 7 години, мојата жена и ја полни главата дека сум ваков или таков. А ете ја вистинската приказна, завршува Јован.