Се вештачи оружјето поврзано со убиствата на Вања и Панче

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информира дека во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Тој не сакаше да даде одговор на повеќе прашања поврзани со убиствата, а новинарите ги упати да се обратат до Основното јавно обвинителство кое ја води истрагата.

-Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на приберените податоци или на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во Јавното обвинителство, рече Спасовски при посетата на СВР Куманово.

Во затворот „Шутка“ во притвор се таткото на Вања, Александар и останатите осомничени Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Во притвор е и возачот Стефан Д. Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште не е екстрадиран од Турција.

Тројца од четворицата осомничени ја признаа вината и улогата во ова грозоморно злосторство.

Слични содржини