Се возел со такси низ три држави и одбил да плати

од desk2
96 прегледи

На многумина им се случило да се разбудат во непознато опкружување по бурна новогодишна ноќ, но еден жител на Осло овој феномен го доживеал екстремно.

Мажот пијан влегол во такси во Копенхаген во Данска и на возачот му рекол да го однесе до Осло во Норвешка. Таксистот го возел цели 595 килограми и го вратил дома, по што пијаниот патник одбил да ја плати сметката од 1.840 евра.

Таксистот настанот го пријавил во полиција, која што упаднала во станот на момчето и го пронашла во креветот. Откако го разбудиле тие го убедиле да ја плати сметката.