224
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 34 санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.