„Во 11:45 добивме дојава за запалена асфалтна базна станица на „Гранит“ на излезот од Скопје кај Качанички Пат“ , информираат од пожарната служба на главниот град.

Со брзата интервенција на БППЗ-Скопје се спречи палењето на надворешните резервоари со мазут и настанување на поголема штета и на базната станица и на околината.

На pожарот интервенираа 7 ПП-Возила и 17 пожарникари. Пожарот е локализиран и нема опасност.
