Се запали куќа од шпорет – старица итно пренесена во болница

Пожар во куќа во Штип

од Nikola Popovski
59 прегледи

Штипската полиција информира дека вчера од плински шпорет се запалила куќа во Штип.

-На 15.07.2025 во 14.21 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л. од Штип. Притоа, со изгореници се здобила неговата мајка М.Л.(83) од Штип, кој се обидела да го изгасне пожарот и била пренесена во Клиничка болница Штип, појаснуваат оттаму.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил запознаен јавен обвинител.