Се запали просторија во кругот на шеталиштето за осудени лица

од desk2

Утрово избувна пожар во помошна просторија во кругот на шеталиштето за осуденици од затворениот дел во затворот во Идризово.

Информацијата за МКД.мк ја потврди и директорот на затворот Живко Пејковски кој изјави дека нема повредени лица, а огнат зафатил само неколку стари душеци по што веднаш бил локализиран.

“Нема повредени лица, се работи за назначителна материјална штета, односно неколку стари душеци. Пожарот избувна во помошна просторија близу шеталиштето во која се наоѓаа неколку стари душеци и се чува јаглен. Огнот веднаш е изгаснат”,  изјави  директорот Пејковски.

Пожарот кај затворските служби го пријавиле осудениците веднаш откако забележале дека нешто гори. Пожарот, бидејќи бил мал, бил локализиран пред на терен да пристигнат противпожарните екипи. Се утврдува дали е подметнат и која е причината поради која настанал, како и материјалната штета.

Според неофицијални информации, огнот го подметнале осуденици во знак на револт поради лошите услови во затворот./МКД.мк

Слични содржини