Се зголемува бројот на повредени во пожарите во Португалија

од desk4

Повеќе од илјада пожарникари веќе трет ден се борат со пожарите во централниот дел на Португалија во кои досега се повредени најмалку 39 лица.

Firemen at work on fire

Најмалку едно лице е потешко повредено, неколку локални жители се евакуирани од предострожност, а во пожарот се уништени и неколку куќи, јавија локалните медиуми.

Во текот на викендот изгореле околу 8.500 хектари вегетација.

Иако ситуација вчера била подобра, до синоќа само 70 отсто од пожарите биле под контрола поради силниот ветар и високите температури.

Во последните години во Португалија се регистрирани некои од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во еден од нив во 2017 година загинаа 107 луѓе.

Бројот на загинати таа година ја поттикна португалската Влада да поддржи построги мерки за превенција на пожари, што доведе до тоа во 2018 година да нема загинати во пожарите.

Слични содржини