Се зголемува бројот на заразени политичари со ковид 19. Дали партиските прослави ќе резултира со нов кластер избори?

од Берта Китинска
170 прегледи

Во текот на предизборната кампања и по објавувањето на резултатите, политичките партии упатуваа критики едни кон други за непочитување на мерките за време на нивните настапи пред граѓаните.

Во претходниот период беа регистрирани неколку заразени фукционери, а деновиве беше соопштено дека и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за образование економија Крешник Бектеши се позитивни на Ковид-19.

Адеми апелираше до граѓаните да ги почитуваат протоколите поради сопственото здравје и здравјето на најблиските и да се придржуваат со сите пропишани мерки за заштита. И Бектеши е со слична порака.

„Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на Ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства“, напиша вчера Бектеши.

Ниту маски ниту физичка дистанца не се одржуваше помеѓу членовите и самите партиски претставници.

 

Слични содржини