Седници на повеќе собраниски комисии, на дневен ред и измените на Законот за контрола на опојни дроги

од Ивана Рамаданова
171 прегледи

Во Собранието на РСМ денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за надворешна политика, за локална самоуправа и Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за измени и дополнувања на повеќе предлог закони, меѓу кои се и измените на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и измените на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање.

Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надвпрешни работи.

Комисијата за локална самоуправа организира јавна расправа на тема: Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55).

Комисијата за одбрана и безбедност треба да се изјасни по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и по Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. 

Слични содржини