Седумдесетгодишник прегазен од автомобил, возачот побегнал од местото на несреќата

од Vladimir Zorba

Седумдесетгодишник од Куманово почина во сообраќајна несреќа.

Според информациите од полицијата, тој управувајќи велосипед бил прегазен од автомобил чијшто возач побегнал од местото на несреќата, но подоцна бил пронајден од страна на полицијата.

„На 24.01.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во 14.00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Ж.Ј.(70) од село Режановце, кумановско, по што го напуштило местото. Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 06.00 часот на 25.01.2023 починал. По преземени мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото“, соопшти МВР.

Слични содржини