Прелиминарната студија спроведена од научници од универзитетот во Пекинг и Институтот Пастер во Шангај, покажуваат дека постојат два вида на новиот коронавирус и дека поагресивниот тип отпаѓа на близу 70 отсто од видовите, додека 30 отсто го прават еден помалку агресивен.
Имено, се покажа дека поагресивниот тип на вирус е доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град каде за прв пат беше откриен Ковид-19 кон крајот на минатата година, објави Си-Ен-Би-Си.
Сепак, зачестеноста на овој вид вирус се намалила од почетокот на јануари.
Кинеските истражувачи велат дека наодите на студијата сугерираат дека развојот на нови варијанти на вирусот е веројатно предизвикан од мутации и природна селекција, како и со рекомбинација, пренесува Танјуг.
„Овие наоди се силна потврда за итна потреба од натамошни директни и сеопфатни студии со кои се комбинираат податоците за геномите, епидемиолошките податоци и графиконите со клиничките симптоми на пациенти со коронавирус 2019 (Ковид-19)“, велат истражувачите.
Наодите беа објавени во Националната научна ревија, магазин на Кинеската академија на науките.