Сејдини: Како Македонија, ја испишавме историјата на ЕУРО

од Nikola Popovski
335 прегледи

Заврши едно од најубавите Европски првенства за мене и за нашата земја, се огласи претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, само еден ден после завршувањето на Европското првенство во фудбал.

Тој додава дека на јубилејот од 60-годишнината на ЕУРО, успеавме да ја напишеме историјата и ние како Македонија, бидејќи за прв пат бевме дел на едно вакво големо натпреварување.

„ЕУРО 2020 засекогаш ќе остане во наше сеќавање!“, објави Сејдини.

Нашата фудбалска репрезентација го заврши учеството на турнирот уште во групната фаза, откако бевме поразени на трите натпревари од Австрија, Украина и Холандија. Постигнавме два гола, преку Пандев во првиот натпревар и Алиоски од белата точка, на натпреварот против Украина.

Слични содржини