Астролозите се согласуваат дека постојат хороскопски знаци кои се предодредени да добиваат пари дури и кога не се мачат, бидејќи парите „сами им доаѓаат“.
Знаци кои се секогаш финансиски стабилни се Лав, Бик и Јарец.
ЛАВ
Познат како крал на сите животни, овој знак е предодреден да ужива во материјалното богатство. Дури и кога Лавовите не се раѓаат богати, секогаш пред нив се создаваат околности поради кои лесно можат да се збогатат. Природната состојба на Лавовите е да уживаат, а познато е дека се малку мрзливи. Лавовите достоинствено ја носат својата личност, но имаат среќа кога се парите во прашање. Ова е знак кој има предиспозиција за стекнување богатство со годините.
ЈАРЕЦ
Знакот за кој многумина тврдат дека се скржави, всушност е само претпазлив кога се во прашање парите. Најголемиот штедач на хороскопот секогаш има скриена „кутија“ во која чува пари за „црни денови“, бидејќи по природа е рационален и внимателен. Никогаш нема да доживеете Јарци да прават ирационални инвестиции без размислување. Јарците не заработуваат преку ноќ, но тие се жив доказ дека трудот се исплатат.
БИК
Како земјен знак кој стои цврсто на земја, Биковите се рационални и големи материјалисти. Астролозите често велат дека постојат два типа на Бик, едниот е уметнички, а другиот материјален. Без разлика на оваа поделба, Биковите се знак кој лесно заработува пари бидејќи ретко прават нешто што нема да им донесе материјална корист. Биковите се одлични банкари, но и брокери.