Резултатите од најновите анкети покажуваат дека секој петти маж има тајна мејл адреса што ја крие од својата парнерка.
Најчесто тајната електорнска пошта мажите ја користат за допишување со поранешната девојка, љубовница или лице што нивната партерка не го сака. 
Една од причините за отворање на таен мејл е и тоа што мажите не сакаат нивната партнерка да знае за нивните финансиски проблеми.
Секој 20-ти маж признал дека поради разговор со поранешната девојка или љубовница купил уште еден мобилен телефон со цел таа врска да остане тајна.
Дури 77 проценти од мажите признале дека ги бришат СМС пораките за да не ги прочита нивната девојка или сопруга.