Секој трет тендер со еден понудувач, договорите без оглас тежат 34,8 милиони евра

од desk2
235 прегледи

Речиси секој трет тендер во Македонија е со еден понудувач, покажува извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година на Центарот за граѓански комуникации.

Ова, како што стои во соопштението, е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првата половина од 2016 година.

„Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20 проценти повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД „Електрани на Македонија“ за ископ на јаглен и на јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра“, се вели во соопштението.

Лани дури 23 проценти од тендерите биле целосно или делумно поништени и почесто биле поништувани поголемите, отколку помалите тендери. Во надзорот биле евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки лани биле доставени само 557 жалби од фирмите.

„Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од три проценти. Во 2016 година, договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра. Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55 проценти од надгледуваните постапки“ се додава во извештајот./мета

Слични содржини