Шефицата на Шведската академија на науките, која ги бира добитниците на Нобелова награда за книжевност, поднесе оставка на таа позиција поради критиките во врска со начинот на истрага за сексуалниот скандал на маж кој е венчан со една од членките на Академијата, пренесе Ројтерс.

Набрзо потоа, Академијата објави дека и таа членка одлучила да ја напушти позицијата, а три члена веќе се повлекоа минатата недела.
„Желбата на Академијата беше да ја напуштам позицијата на постојан секретар и тоа го направив“, рече Сара Даниус која на таа позиција беше од 2015 година.
Скандалот се закани да го наруши имиџот на Академијата и на Нобеловата награда.
„Ова веќе влијае на Нобеловата награда и тоа е голем проблем“, вели Даниус.
Обвиненијата за сексуален напад и вознемирување изнесени се против Жан-Клод Арнаулт, сопруг на членката на Академијата Катерине Фростенсон, која исто така се повлече.
Обвинетиот негира дека го сторил делото, а обвинителството покрена прелиминарна истрага.