Секси и сензуални – тоа се овие три претставнички на хороскопот

од Elena Daskalova
265 прегледи

Жените родени во овие три хороскопски знаци можат да се пофалат со изразена сексуалност, страственост и сензуалност, а мажите, едноставно, „кршат врат“ вртејќи се по нив.

Еве за кои дами се работи:

Стрелец

Во сексот, жените Стрелци ги надминуваат сечии очекувања. Се работи за девојки кои сакаат да експериментираат, не се срамат од своето тело, ниту од телесните звуци, а подготвени се на сексуални односи без никакви предрасуди. Тие рано созреваат, па затоа и имаат време да ја истражуваат својата сексуалност до најситен детаљ. И додека во реалниот живот се стабилни и строги, во кревет се едни од најидеалните партнерки.

Лав

Лавиците се многу самоуверени во својот сексуален перформанс, па затоа и нивниот критериум за партнер е многу висок. Сакаат да го задоволуваат, да експериментираат, да испробуваат нови нешта кои често се надвор од стандардното, дури и ако се работи за потешки егзибиции. Со неа секој маж си поминува прекрасно и секогаш сака уште повеќе.

Скорпија

Скорпиите зрачат со нивната сензуалност, а самата нивна појава е искушувачка и провокативна. Иако се работи за жена која не експериментира премногу, таа секогаш има по неколку трикови на располагање кога треба да го задоволи својот сакан. За разлика од Стрелците и Лавовите, Скорпиите се страствени само кон партнерот со кој имаат воспоставено и емоционална врска.

Слични содржини